ЕУ вести



Петок, 23 март 2012 година

Парламентариумот изброја 100.000 посетители

Центарот за посетители на Европскиот парламент, т.н. Парламентариум, ја оправда улогата на популарна атракција во Брисел, откако за пет месеци постоење, изброи 100.000 посетители

Парламентариумот работи секој ден во седмицата, освен во понеделник наутро и нуди можност за бесплатно интерактивно запознавање со Европарламентот на 23-те официјални јазици на Европската унија.

Посетителите во него можат да се информираат за минатото, сегашноста и иднината на Парламентот и Унијата во целост.

Овој центар официјално беше отворен на 14 октомври 2011 година, а веќе се вбројува во топ дестинациите кои треба да се посетат во Брисел.

Click