ЕУ вести



Среда, 1 февруари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, во Брисел, ќе одржи пленарна седница, на која европратениците ќе расправаат по повеќе прашања, меѓу кои поттикнување развој и вработување.

Со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон, ќе се дискутира за санкциите против Иран и парламентарните избори во Русија.

Исто така, ќе стане збор и за тоа како ЕУ управува со својот буџет за хуманитарна помош и како помошта од ЕУ се канализира низ ООН.

За прв пат, Европскиот парламент ќе расправа за преземање мерки за справување со насилството на спортските стадиони, допингот, местењето натпревари и нелегалното обложување.

На агендата ќе се најдат и: еврообврзниците, годишниот даночен извештај, пазарната конкуренција, рециклирањето на отпадот, жените за време на војна и др.

Click