ЕУ вести



Понеделник, 10 септември 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 10 до 13 септември, во Стразбур, ќе одржи пленарна седница, на која ќе стане збор за клучните приоритети на Европската унија во блиска иднина.

Меѓу останатото за кое ќе се расправа, е зголемување на правата на жртвите на криминалот, енергетската ефикасност, буџетот на Унијата за наредните години, ЕУ стратегијата за надворешна политика и плановите за банкарската унија.

Исто така, на дневен ред ќе се најдат уште: новата политика за риболов, опасните лекарства, азилот, инвестирање во училиштата со цел намалување на невработеноста и зголемена социјалната вклученост, политичката состојба во Романија, трговијата, човековите права и демократијата.

Во дебатата ќе бидат вклучени и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон.

Click