ЕУ вести



Понеделник, 16 јануари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, од 16 до 19 јануари 2012 година, ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, на дневен ред, меѓу останато, ќе се најде и изборот на нов претседател, 14 потпретседатели и пет квестори.

Имињата кои се објавени како можни наследници на актуелниот претседател на Европарламентот, г. Јержи Бузек, се:  г. Мартин Шулц од Германија и Британците - г-ѓа Дијана Волис и г. Нерџ Дева.

Во текот на седницата, европратениците заедно со претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, ќе дискутираат за неодамнешните политички случувања во Унгарија, во врска со новиот контроверзен Устав, кој стапи на сила на почетокот на новата година.

На четиридневната седница ќе стане збор и за програмата и приоритетите на шестмесечното Данско претседателство со ЕУ, како и за мултигодишниот финансиски план.

В среда ќе се гласа по Резолуцијата за нов меѓународен договор за засилена економска унија, а ден подоцна ќе следи дебата за подобро собирање и рециклирање на електричен отпад, за биоцидите и справувањето со расипаната храна. Членовите на Европарламентот ќе предложат информативни кампањи, образовни курсеви за храна и подобро пакување.

Click