ЕУ вести



Среда, 18 април 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, вчера ја отвори пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, која ќе трае до 20 април, притоа посакувајќи им добредојде на дванаесетте европратеници набљудувачи од Хрватска, како вовед на официјалното пристапување на оваа балканска земја во Европската унија на 1 јули 2013 година.

За време на седницата, членовите на Европарламентот, меѓу другото, ќе расправаат за средствата за борба против економската криза, посебно во еврозоната.

Европратениците, заедно со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон, ќе дискутираат за развојот во Сирија, Мали и Мјанмар, како и за ЕУ стратегијата за Црно Море.

На дневен ред ќе се најдат и човековите права, како и новиот договор за правата при вработувањето и работните места во рамките на ЕУ, а ќе стане збор и за модернизација на високото образование.


 

Click