ЕУ вести

Понеделник, 19 ноември 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 19 до 22 ноември, во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, во чиј фокус ќе биде буџетот на Европската унија за периодот 2014-2020 година. Европратениците ќе предупредат на ризикот од идејата за драстично скратување на буџетот, што би можело да доведе до негово парализирање цела една декада.

Утре треба да бидат усвоени водечките правила за идната Економска и монетарна унија (ЕМУ).

На дневната агенда на седницата ќе се најдат и: борбата против илегалната и штетната содржина и заштитата на децата од интернет; финансиската помош на ЕУ од 670 милиони евра за жртвите од земјотресот во Италија; човековите права и демократијата, со акцент на состојбата во Казахстан; јакнење на европската индустрија; ситуацијата во Газа; самитот во Доха како можност за акција во однос на климатските промени и др.

В среда, на свечена церемонија, претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе го објави победникот на филмската награда „Лукс“.

 
Click