ЕУ вести



Понеделник, 22 октомври 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Денеска и утре, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, за време на која ќе се гласа за предлогот 2013 година да биде прогласена за европска година на граѓаните. По тој повод би се организирале низа настани за едуцирање на јавноста за правата на европските граѓани, посебно оние кои се однесуваат на студирање, работа, отворање сопствен бизнис и сл.

На денешната агенда ќе се најде буџетот за 2013 година и за периодот 2014-2020 година, додека утре ќе стане збор за банкарската унија, плановите на Економската и монетарна унија и за правата на авиопатниците.

Исто така, во текот на утрешниот ден ќе се одржи дебата со претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, г. Жозе Мануел Баросо и г. Херман ван Ромпуј, во врска со минатонеделниот самит на Советот.

За време на седницата, европратениците ќе гласаат и за давање финансиска помош од 40 милиони евра во седум земји зафатени од криза, како и за фармацевската трговија меѓу ЕУ и Израел. Меѓу другото, ќе се дебатира и за поморската безбедност и за трговскиот договор меѓу САД и Јапонија.

Европскиот парламент ќе продолжи со работа и на 25 и 26 октомври, кога ќе се разговара за цената на прехранбените производи и фреквенцијата на финансиските пазари. В петок ќе биде прогласен добитникот на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.

Click