ЕУ вести



Среда, 28 март 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, во Брисел, ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу останатото ќе стане збор за напредокот на Србија, Црна Гора и Косово на патот кон Европската унија.

Европратениците ќе дебатираат и за: трговијата со деривати; турските закони за ограничување на слободата на медиумите; правата на патниците при авионскиот транспорт; загрозеноста на бегалците; буџетот на ЕУ; ситуацијата во Белорусија; финансиска помош за вишокот работници во Шпанија; помош за храна во ЕУ; подобрување на заштитата на човековите права во ЕУ и др.

Исто така, на дневен ред пред членовите на Европарламентот ќе се најде и формирањето посебен комитет за истрага и преземање мерки против организираниот криминал, корупцијата и перењето пари, кој ќе стартува со работа од крајот на месец април, а ќе има едногодишен мандат.

Click