ЕУ вести



Понеделник, 26 март 2012 година

Познати добитниците на наградата „Север-Југ“

Претседателот на Република Србија, г. Борис Тадиќ и претседателот на Меѓународната федерација за човекови права, г-ѓа Сухар Белхасен, се добитници на наградата „Север-Југ“ за 2011 година, која ја доделува Советот на Европа на оние кои придонеле за глобална солидарност и меѓузависност.

Од Северот е избран српскиот претседател, г. Тадиќ, поради своите напори за помирување на Балканот и за процесот на евроинтеграција на Србија, додека од Југот тунискиот активист и новинар, г-ѓа Белхасен, се одликува за борбата за човекови права и подобри услови за жените во земјите во развој.

Наградата ќе ја врачи португалскиот претседател, г. Анибал Кавако Силва, за време на утрешната церемонија во Лисабон.

„Север-Југ“ е награда која се доделува од 1995 година на двајца кандидати, обично од двата пола, за заслуги во: заштитата на човековите права, одбрана на демократијата, јавно поттикнување свест за прашања од глобална солидарност и меѓузависност, како и јакнење на партнерството Север-Југ.


 

Click