ЕУ вести



Вторник, 9 октомври 2012 година

Познати победниците на ЕУ наградата за литература

Добитниците на Наградата за литература на Европската унија за 2012 година беа објавени на денешниот Саем за литература во Франкфурт. На секој од победниците му следува парична награда од 5.000 евра и можност неговата книга да се преведе на други јазици со финансирање преку Програмата за култура на ЕУ.

Победници се:

  • Ана Ким – „Замрзнато време“ (Австрија);
  • Лага Жиго – „Рулет“ (Хрватска);
  • Лоренс Плазен – „Самотна љубов“ (Франција);
  • Виктор Хорват – „Турско огледало“ (Унгарија);
  • Кевин Бери – „Градот Бохана“ (Ирска);
  • Емануел Треви – „Нешто напишано“ (Италија);
  • Гедра Радвилавич – „Вечерва ќе спијам до ѕидот“ (Литванија);
  • Гунстен Баке – „Мод и Ауд: Роман за превозот“ (Норвешка);
  • Пјотр Пажински – „Пансион“ (Полска);
  • Афонсо Круз – „Куклата на кокошката“ (Португалија);
  • Јана Бенова – „Кафе Хиена (Видовити луѓе)“ (Словачка);
  • Сара Манхејмер – „Акција“ (Шведска)

„Најсрдечни честитки до победниците. Се надеваме дека оваа награда ќе го зголеми нивното реноме и углед во и надвор од матичната земја“, изјави Андрула Василиу, европски комесар за образование, култура, повеќејазичност и младина.

Овогодинешните победници ќе бидат претставени на свечена церемонија на 22 ноември во Брисел, во присуство на водечки претставници на светската литература, култура и политика.

Инаку, Наградата за литература на ЕУ е отворена за 37 земји вклучени во ЕУ Програмата за култура, меѓу кои и Република Македонија. 

 

Click