ЕУ вести

Петок, 10 февруари 2012 година

Самит ЕУ-Индија

Дванаесеттиот самит на Европската унија и Индија ќе се одржи денеска во Њу Делхи, на кој, меѓу останатото, ќе стане збор за глобалното економско управување.

ЕУ ќе ја застапуваат претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, додека индиската страна ќе ја застапува премиерот, д-р Манмохан Синг.

На Самитот ќе се дискутира за економската и енергетската соработка, за интензивирање на соработката во областа на истражувањето и иновациите, како и за борбата против тероризмот и пиратеријата. Ќе се потпише и меморандум за олеснета размена на статистичките податоци и методи.

Челниците, исто така, ќе дебатираат и за случувањата во Авганистан, Пакистан, Северна Африка и Блискиот Исток, како и за иранската нуклеарна програма.
Click