ЕУ вести

Вторник, 14 февруари 2012 година

Самит ЕУ-Кина

Европската унија и Кина денеска во Пекинг ќе го одржат својот 14. Самит, со цел зајакнување на меѓусебното партнерство.

ЕУ ќе ја застапуваат претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, г. Херман ван Ромпуј, односно г.  Жозе Мануел Баросо, додека другата страна ќе ја застапува кинескиот премиер, г. Вен Џијабао.

Теми на разговор ќе бидат: стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Кина, економската ситуација, трговијата, инвестициите и иновациите, билатералните прашања и соработка, климатските промени, Г20, стратегијата „Европа 2020“, енергетиката, блискоисточниот мировен процес, како и азиските регионални прашања.

Исто така, ќе се покренат нови заеднички проекти , како партнерство за одржлива урбанизација, високо ниво на дијалог и зајакната енергетска соработка.
Click