ЕУ вести

Четврток, 20 септември 2012 година

Самит ЕУ-Кина

Сите билатерални, глобални и регионални прашања ќе бидат дел од агендата на 15. Самит на Европската унија и Народна Република Кина, кој ќе се одржи денеска во Брисел.

ЕУ ќе ја застапуваат претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, додека кинеската страна ќе ја претставува премиерот, г. Вен Џиабао.

Самитот ќе претставува можност да се дискутира за состојбата на двете економии и за тоа како со здружени сили да се надминат проблемите. Двете страни се едногласни дека, во ова тешко време, многу е важно да се продолжи зацврстувањето на меѓусебното стратешко партнерство.

Ќе се разговара за остварениот напредок по последниот меѓусебен самит во февруари годинава и ќе се разгледаат можностите за потпишување договори за нова соработка.

Во исто време, челниците ќе присуствуваат и на 8. Бизнис самит ЕУ-Кина, кој исто така се одржува денеска во Брисел.
Click