ЕУ вести



Понеделник, 10 септември 2012 година

Шеесетгодишнина на Советот на ЕУ

Пред 60 години, од 8 до 10 септември 1952 година во Луксембург, е одржан првиот состанок на Советот на Европската унија, тогашен Специјален совет на министрите на Европската заедница за јаглен и челик, со само шест основачки земји-членки: Германија, Франција, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург.

Советот е конституиран на 8 септември на свечена седница во Луксембург, а прв претседател бил германскиот канцелар Аденауер.

На 20 септември годинава, Советот, како законодавно тело на Унијата, составен од 27 национални министри, по еден од секоја земја-членка на ЕУ, ќе го одржи својот 3185. состанок.

 

Click