ЕУ вести



Петок, 2 март 2012 година

Србија – земја-кандидат за ЕУ

Европскиот совет вчера се согласи да ѝ даде на Србија статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, следејќи ја препораката на Советот на министри од 28 февруари годинава.

Претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј, изрази надеж дека ваквиот статус ќе ја охрабри Србија да продолжи да ги исполнува критериумите на европскиот пат и дека ќе остане посветена на дијалогот.

Србија доби пофалби од ЕУ за својата работа и обидите кои ги направи за да се доближи до европското семејство, посебно со постигнатите договори со Косово, како и надминувањето на последната пречка со Романија за положбата на малцинствата.

Следна цел за Србија, која аплицираше за членство во ЕУ во декември 2009 година, е добивањето датум за почеток на преговори. 

 

Click