ЕУ вести



Петок, 17 февруари 2012 година

Супер брз мобилен интернет во ЕУ

Мобилниот интернет во Европската унија ќе постигне неверојатна брзина, откако европратениците го одобрија предлогот за отворање фреквенциски појас од 800 мегахерци за безжичен брз интернет, од 1 јануари 2013 година.

Ваков френквенциски појас моментално користат аналогните телевизиски канали, но ќе биде слободен кога до крајот на 2012 година ќе се премине на дигитална телевизија.

Појасот ќе користи нова безжична мрежа од четврта генерација (4G), која може да постигне брзина од 100 мегабити во секунда.

Овој потег ќе ја направи ЕУ глобален лидер во мобилната технологија.

Click