ЕУ вести



Петок, 12 октомври 2012 година

Тројца финалисти во борба за наградата Сахаров

Алеш Бијалијатски, Пуси Риот, Насрин Сотодех и Јафар Панахи се финалистите за наградата Сахаров за слобода на мислата за 2012 година, која ја доделува Европскиот парламент на поединци или организации што даваат важен придонес во борбата за човекови права и демократијата.

Финалистите се издвоија во конкуренција на пет номинирани кандидати.

Алеш Бијалијатски е активист на затворено граѓанско друштво кое се залага за слобода на мислата и слободно изразување во Белорусија, кој го има основано Центарот за човекови права Вјасна – невладина организација што нуди финансиска и правна помош на политички затвореници и нивните семејства.

Пуси Риот е феминистичка панк група од Русија, составена од Надежда Андреевна-Толоконикова, Марија Аљохина и Екатерина Самуцевич, уапсени поради протест во катедрала против рускиот претседател Владимир Путин. Првите две се осудени на двегодинишна затворска казна, додека Самуцевич неделава доби две години условно. 

Третите финалисти се Иранците Насрин Сотодех и Јафар Панахи. Првиот е затворен адвокат и застапник за човекови права, која ги претставува затворените опозициски активисти и малолетни деликвенти соочени со смртна казна, додека вториот е режисер, сценарист и филмски редактор, чии филмови честопати се фокусираат на тешкотиите со кои се соочуваат децата, сиромашните и жените.

Победникот ќе биде прогласен на 26 октомври, откако за него ќе одлучи Конференцијата за претседатели, додека наградата во вредност од 50.000 евра ќе биде доделена на свечена церемонија на 12 декември во Стразбур.

Click