ЕУ вести



Вторник, 20 ноември 2012 година

Универзален ден на децата

По повод 20 ноември - Универзалниот ден на децата, Парламентарното собрание на Советот на Европа, денеска во Москва ќе се состане за да расправа за спречување на сексуалното насилство над децата, со цел зајакнување на заштитната политика и санкциите на национално ниво.

Со оглед на тоа што едно од секое петто дете во Европа е претпоставена жртва на сексуално насилство, парламентарците од 47 земји-членки на Советот на Европа и Мексико, ќе се соберат да ја промовираат кампањата на Советот на Европа под наслов „Едно од пет“ и да го охрабрат ратификувањето на Конвенцијата. 

До денес, 22 земји ја имаат ратификувано Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуално искористување и злоставување, а 23 други, исто така, ја имаат потпишано.

Универзалниот ден на децата е основан од страна на Обединетите нации во 1954 година со цел да поттикне разбирање помеѓу децата и да ја промовира благосостојбата на децата низ целиот свет.

Се одржува на 20 ноември, бидејќи на тој ден во 1959 година Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на децата, а во 1989 година ја потпиша и Конвенцијата за правата на децата.

Конвенцијата за правата на децата е првиот правно обврзувачки меѓународен инструмент со кој на децата им се даваат сите човекови права признати за возрасните.

 

 

Click