Најави

Вторник, 30 јули 2013 година, 14.00 часот, Сала на Влада
 
КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊА НА ИЗБОРИТЕ И ИМЕНУВАЊАТА  

Предлог на дневен ред: 

1. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;

2. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави;

3. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците;

4. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции;

5. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ);

6. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација;

7. Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин";           

8. Утврдување мислење по Предлог-правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Службата на Собранието на Република Македонија;

9. Утврдување мислење по Предлог-правилникот за изменување на Правилникот за внатрешна организација на Службата на Собранието на Република Македонија;

10. Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на член на Советот за статистика на Република Македонија;

11. Разно.

 

Click