Најави

Четврток, 25 јули 2013 година

Полагање цвеќе 
 
По повод 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Владимир Ѓорчев, г. Игор Ивановски, г-ѓа Вјолца Нуредини Мехмети, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Рејхан Дурмиши, ќе положи венец свежо цвеќе.

Делегацијата во 10.00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата Бутел.
Click