Најави



Понеделник, 21 октомври 2013 година, 11.00 часот, Сала 1
 
СЕДУМДЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Дневен ред:

1. Извештај на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година;

2. Предлози за утврдување престанок на мандат на членови на Советот на Македонската радио телевизија;

3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Аргентинската Република за размена на информации за даночни прашања;

4. Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за соработка во областа на образованието;

5. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за отворање на нов заеднички граничен премин наменет за меѓународен патен сообраќај меѓу двете земји „Белановце-Станчиќ“;

6. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за основање и за активностите на културните центри;

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците (второ читање);

8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала (второ читање);

9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за научно-истражувачката дејност (второ читање);

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот (второ читање);

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права (второ читање);

12. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор (второ читање);

13. Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за вработување и работа на странци (второ читање);

14. Дополнет предлог на закон  за изменување и дополнување на Законот за трговија (второ читање);

15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг (второ читање);

16. Предлог на закон за претворање на побарувањето на Република Македонија  по основ  на јавни давачки во траен влог во друштвото Тутунски комбинат АД Прилеп (второ читање);

17. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (второ читање);

18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спортот (второ читање);

19. Дополнет предлог на закон за правда за децата (второ читање);

20. Предлог на закон за изменување на Законот за судовите (второ читање);

21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по скратена постапка;

22. Предлог на закон за дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, по скратена постапка;

23. Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, по скратена постапка;

24. Предлог на закон за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево - Охрид, по скратена постапка;

25. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Миладиновци - Штип", кој ќе се склучи меѓу Експорт - импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта, по скратена постапка;

26. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид", кој ќе се склучи меѓу Експорт - импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта, по скратена постапка;    

27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка;                      

28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Силвана Бонева, Неџати Јакупи, Реџаил Исмаили, Ромео Тренов, Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Илија Китаноски, Лилјана Затуроска, Ане Лашкоска, Весна Пемова, Славе Гошев, Александар Спасеновски, Иван Стоиљковиќ, Кенан Хасипи, Косана Мазнева, Трајчо Димков, Јордан Пачков, Лилјана Кузмановска, Димитар Стевананџија, Надица Танчева Тулиева, Светлана Јакимовска, Павле Трајанов, Миле Пачемски, Светлана Карапетрова, Малиша Станковиќ, Владанка Авировиќ, Сузана Салиу, Хајрие Мисими, Вјолца Мехмети Нуредини, Јулиета Марку, Хајрула Мисини, Бехиџудин Шехаби, Дешира Имери, Недим Рамизи, Бети Кузмановска, Васко Пашовски, Нада Ципушева, Михајло Џолонга, Цена Матевска Дуза, Елена Павлова, Милорад Додевски, Павле Саздов, Тони Трајановски, Марија Рашковска, Христина Рунчева, Сузана Анова, Васко Мицевски, Диме Маџовски, Васил Пишев, Драган Цуклев, Панче Дамески и Владимир Ѓорчев;

29. Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2012 година;

30. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (прво читање);

31. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот (прво читање);

32. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (прво читање);

33. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пасиштата (прво читање);

34. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (прво читање);

35. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита (прво читање);


36. Предлог на закон за медијација (прво читање);

37. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вештачење (прво читање);

38. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка (прво читање);

39. Предлог на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост (прво читање), поднесен од пратениците: Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Марјанчо Николов, Маринела Маричиќ Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска  и Николче Ацевски;

40. Барање за давање автентично толкување на член 20 став 3 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на Општина Штип;

41. Барање за давање автентично толкување на членовите 13 и 14 од Законот за радиодифузната дејност, поднесено од пратеникот Борче Ставров.

 

 

 

Click