Најави



Среда, 26 јуни 2013 година, 11.00 часот, Сала 1

ШЕЕСЕТ И ПЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Дневен ред:

1. Предлог за утврдување престанок на мандат на член на Советот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија;

2.  Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во областа на културата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово;

3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за потврдување на периодите на осигурување за остварување правo на пензија;

4. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за ветеринарна соработка;

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување (второ читање);

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување (второ читање);

7. Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, персонален данок на доход, данок на добивка и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во траен влог во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес" ДООЕЛ - Велес  (второ читање);

8. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (второ читање);


9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа, по скратена постапка;

10. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Преземен и изменет договор за заем за Проектот за подобрување на постојната регионална и локална патна мрежа, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка;

11. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за дополнително финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци", кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КФВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка;                                                                                                                

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, по скратена постапка;

13. Предлог на закон за изменување на Законот за тутун и тутунски производи, по скратена постапка;

14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка;

15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика (прво читање);

16. Предлог на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (прво читање);

17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (прво читање);

18. Извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2012 година;

19. Изменување и дополнување на Годишниот финансиски план за 2013 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;

20. Извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2012 година;

21. Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2012 година;

22. Барање за давање автентично толкување на член 23 став 5 од Законот за работните односи, поднесено од пратеникот Христина Рунчева;

23. Барање за давање автентично толкување на член 42-а став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за управните спорови, поднесено од градоначалникот на општина Гази Баба;

24. Барање за давање автентично толкување на член 79-а од Законот за основното образование, поднесено од градоначалникот на општина Пробиштип;

25. Барање за давање автентично толкување на член 5-б став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Босилово;

26. Барање за давање автентично толкување на член 45 ставови 10 и 11, член 100 ставови 5 и 8 и член 103 став 5 од Законот за високото образование, поднесено од пратеникот Лилјана Кузмановска.

 

 

Click