Најави



Понеделник, 22 јули 2013 година, 11.00 часот, Сала 1
 
ШЕЕСЕТ И ШЕСТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Дневен ред:

1. Предлог за именување член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување;

2. Предлог за избор на заменици на Народниот правобранител;

3. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за соработка и заемна помош по царински прашања;

4. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Азербејџан за заемно поттикнување и заштита на инвестиции;

5. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата  на Република Македонија и Владата на Република Азербејџан за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал;

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (второ читање);

7. Предлог на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (второ читање);

8. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика (второ читање);

9. Предлог на закон за изменување на Законот за државните службеници, по скратена постапка;

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници, по скратена постапка;

11. Предлог на закон за изменување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка;

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка;

13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка;

14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, по скратена постапка;

15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за судски такси, по скратена постапка;

16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка, поднесен од пратениците Малиша Станковиќ, Ромео Тренов, Елена Павлова, Неџати Јакупи, Силвана Бонева, Илија Димовски, Панче Дамески, Реџаил Исмаили, Марија Рашковска и Владанка Авировиќ;

17. Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје  (прво читање);

18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (прво читање);


19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето (прво читање);

20. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема (прво читање);

21. Предлог на закон за индустриски - зелени зони (прво читање);

22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (прво читање);

23. Предлог на закон за изменување на Законот за јавните претпријатија (прво читање);


24. Предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (прво читање);

25. Предлог на закон за медиуми (прво читање);

26. Предлог на закон за поддршка на домашната музичка продукција (прво читање);

27. Предлог на закон за заштита од пушењето (прво читање), поднесен од пратеникот Ивон Величковски;

28. Предлог на закон за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (прво читање), поднесен од пратеникот Ивон Величковски;

29. Предлог на закон за роковите на подмирување на паричните обврски (прво читање), поднесен од пратеникот Ивон Величковски;

30. Годишен извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот за осигурување во Република Македонија во 2012 година;

31. Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2012 година;

32. Финансиски извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2012 година;

33. Годишен извештај за работeњето и извршените ревизии на Државниот завод за ревизија во 2012 година;

34. Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2012 година;

35. Извештај за реализација на Годишната програма за работа и развој за 2012 година на Агенцијата за цивилно воздухопловство;

36. Предлог на одлука за користење на средства од концесискиот надоместок за користење на аеродромите во Република Македонија за 2012 година;

37. Предлог на одлука за давање согласност на Предлогот за изменување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2013 година;

38. Предлог на одлука за давање согласнот на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Click