Најави



Четврток, 17 јануари 2013 година, 12,00 часот, Сала 3

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА

Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - II читање;

2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за водите - I читање;

3. Предлог-закон за договорите за превоз во патниот сообраќај - I читање;

4. Предлог-закон за изменување на Законот за инвалидски организации - I читање;

5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи - I читање;

6. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за правна помош во граѓански и кривични предмети;

7. Барање согласносност за Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. 

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог-закон за ратификација на Договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина;

2. Предлог-закон за ратификација на Амандман на Статутот на Меѓународната финансиска корпорација;

3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации - I читање;

4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за стандардизација - I читање;

5. Предлог-национална стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година;

6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа - I читање;

7. Предлог на закон за дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеничката група на СДСМ, пратеничката група на НСДП и ЛП и пратеничката група на ПЕИ и СЛ - I читање;

8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, поднесен од пратеничката група на СДСМ, пратеничката група на НСДП и ЛП и пратеничката група на ПЕИ и СЛ - I читање;

9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за виното - I читање;

10. Исправка на Законот за евиденциите од областа на трудот („Службен весник на Република Македонија“ број 166/2012);

11. Предлог-закон за земјоделски задруги - I читање;

12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за сточарството - I читање;

13. Предлог-закон за заштита на децата - I читање.

Click