Најави



Четврток, 18 јули 2013 година, 13.00 часот, Сала на Влада

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА

Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за соработка и заемна помош по царински прашања;

2. Предлог-закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавно претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје (прво читање);

3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема (прво читање);

4. Предлог на закон за заштита од пушењето (прво читање);

5. Предлог на закон за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (прво читање);

6. Предлог на закон за роковите на подмирување на паричните обврски (прво читање);

7. Барање за давање на автентично толкување на член 31 ставови 1 и 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесено од пратеникот Реџаил Исмаили;

8. Барање за давање на автентично толкување на член 10 од Законот за судски такси, поднесено од градоначалникот на Општина Босилово Љупчо Колев.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето (прво читање);

2. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Азербејџан за заемно поттикнување и заштита на инвестиции;

3. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Азербејџан за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал;

4. Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (II фаза);

5. Предлог-закон за индустриски-зелени зони (прво читање);

6. Барање за давање на автентично толкување на член 5 став 1 точка 12, член 30 и член 38 став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, поднесено од пратеникот Павле Саздов;

7. Предлог-закон за поддршка на домашната музичка продукција (прво читање);

8. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (прво читање);

9. Предлог-закон за изменување на Законот за јавните претпријатија (прво читање);

10. Предлог-закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (прво читање);

11. Предлог-закон за медиуми (прво читање).

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (прво читање);

13. Исправка на Законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 69/13).

Click