Најави



Четврток, 6 јуни 2013 година, 13.00 часот, Сала „Борис Трајковски“

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА 

Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување (второ читање);

2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување (второ читање);

3. Предлог-закон за прекинување на бременост, по скратена постапка;

4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка;

5. Предлог-закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка;

6. Предлог-закон за изменување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог-закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, персонален данок на доход, данок на добивка и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во траен влог во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес“ ДООЕЛ - Велес (второ читање);

2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (второ читање);

3. Барање за давање на автентично толкување на член 23 став 5 од Законот за работните односи, поднесено од пратеникот Христина Рунчева;

4. Барање за давање на автентично толкување на член 42-а став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за управните спорови, поднесено од градоначалникот на Општина Гази Баба;

5. Исправка на Одлуката за избор на членови на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 79/13).

Click