Собраниско раководство



Четврток, 14 февруари 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со членот на Поткомитетот за човекови права на Европскиот парламент, г. Ричард Ховит

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посакувајќи му добредојде на г. Ричард  Ховит, на почетокот на средбата генерално му се заблагодари за поддршката што ѝ ја дава на Република Македонија во евроинтегративниот процес, при што потенцираше дека извештаите кои г. Ховит ги подготвува за Република Македонија во Европскиот парламент се објективни, принципиелни, интегрални и за доброто на побрзото интегрирање на Македонија во Европската унија.

Фокусот на разговорите беше насочен кон тоа како да се напредува понатаму во евроинтегративниот процес и како да се совладаат предизвиците со кои се соочува.

Заложувајќи се за што поскоро надминување на политичките разлики и заедничкото работење на релевантните политички субјекти на стратешките прашања за Република Македонија, претседателот Вељаноски потенцираше дека политичката волја на сите субјекти треба да е јасна и недвосмислена за да навистина има и заеднички исчекор за напредокот на земјата. 

На средбата стана збор за неколку прашања поврзани со надлежностите на Поткомитетот за човекови права на Европскиот парламент и на одделни аспекти од случувањата во Собранието на Република Македонија на крајот од минатата година.

Во овој контекст, на крајот од средбата, претседателот на Собранието, г. Вељаноски, му предложи на г. Ховит, во придружба на стручната служба, да ја посети пленарната сала на Собранието на Република Македонија.  

Click