ЕУ вести

Понеделник, 8 април 2013 година

Дваесет години Македонија во ОН

На 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 полноправна членка на Обединетите нации. Денеска, оваа светска организација, чие седиште е во Њујорк, брои 193 земји-членки.

Членството во Обединети нации, кои се основани на 20 јуни 1945 во Сан Франциско, е отворено за сите мирољубиви држави што ги прифаќаат обврските на Повелбата на ОН, а приемот го одредува Генералното собрание по препорака на Советот на безбедност.

Надлежности на Обединетите нации се: преземање колективни мерки за зајакнување на меѓународниот мир; поттикнување на меѓународната соработка за решавање на меѓународни проблеми од областа на економијата, социјалата и културата; охрабрување за почитување на човековите права и слободи, еднакво важни за сите луѓе без разлика на расата, полот и религијата.

 
Click