ЕУ вести



Вторник, 4 јуни 2013 година

ЕУ Зелена недела

Најголемата годишна конференција на Европската политика за животна средина, Зелената недела, по 13. пат ќе се одржи од 4 до 7 јуни 2013 година, во Брисел, овојпат под мотото „почист воздух за сите“, со цел да се подобри квалитетот на воздухот кој го дишеме.

На овогодинешното издание на Зелената недела, посветена на воздухот, ќе учествуваат 3.000 претставници на засегнати страни, невладини организации, владини претставници и претставници на Европската унија.

Тие ќе дискутираат за изнаоѓање решенија против загадувањето на воздухот, како да се заштити квалитетот на воздухот со оглед на зголемувањето на индустриското и енергетското производство, развојот на патниот сообраќај и урбанизацијата, согорувањето на фосилните горива и климатските промени.

„Загадувањето на воздухот често е невидливо, но неговите ефекти се многу реални. Лошиот квалитет на воздух се плаќа со висока цена. Зелената недела обезбедува важна платформа каде што можат да се разменат идеи за тоа како да се подобри воздухот кој го дишеме. Ние постојано сме отворени за предлози за подобрување на постоечката законска регулатива", изјави комесарот за животна средина на ЕУ, г. Јанез Поточник.

Комесарот Поточник ја прогласи 2013 за година на воздухот, а на есен ќе биде донесена ревидирана ЕУ стратегија за воздухот.

Click