ЕУ вести

Вторник, 16 април 2013 година

Еврокомесарот Филе ќе го објави Специјалниот извештај за Македонија

Денеска попладне, во Европскиот парламент во Стразбур, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави Специјалниот извештај за Република Македонија.

Извештајот е подготвен од Европската комисија во согласност со заклучоците од Самитот на Европскиот совет во декември минатата година.

За 22 април, пак, во Луксембург се закажани состаноци на Советот за министри за надворешни работи и Советот за општи работи на ЕУ, каде првпат шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата ќе разговараат за можноста Република Македонија да добие датум за почеток на преговори на јунскиот Самит на Европскиот совет.
Click