ЕУ вести



Четврток, 23 мај 2013 година

Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија

Со 505 гласа „за“, 61 „против“ и 31 „воздржани“, Европскиот парламент го усвои Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година. При гласањето се усвоени само дел од предложените амандмани поднесени по Резолуцијата.

Во Резолуцијата, изготвена од британскиот европратеник и известител за нашата земја, г. Ричард Ховит, повторно се побара од Советот на Европската унија итен почеток на преговори уште следниот месец.

За да се донесе позитивна одлука, земјава мора да ја покаже потребната политичка волја, што значи целосна имплементација на политичкиот договор од 1 март и континуирани напори за подобрување на соседските односи.

 

 

Click