ЕУ вести



Четврток, 23 мај 2013 година

Европратениците дебатираа за Извештајот за Македонија

Вчера, во Европскиот парламент, се дебатираше за Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, а денеска ќе се гласа по истиот. Во својот говор, речиси сите европратеници побараа нашата земја веднаш да добие датум за преговори.

По Предлог-резолуцијата, изготвена од известувачот за Република Македонија, г. Ричард Ховит, беа предложени само шест амандмани. 

Британскиот европратеник Ховит апелираше до Европскиот совет дека постојаното одбивање на Република Македонија има лош ефект на политиката и јавното мислење.

Тој, заедно со еврокомесарот Штефан Филе, изразија загриженост во врска со ризиците од продолжување на ситуацијата статус кво.

Во јуни, Советот ќе одлучи дали да ја прифати препораката на Комисијата за отворање на пристапните преговори. За да се донесе позитивна одлука, земјава мора да ја покаже потребната политичка волја, што значи целосна имплементација на политичкиот договор од 1 март и континуирани напори за подобрување на соседските односи.


 

Click