ЕУ вести



Четврток, 10 јануари 2013 година

Хуманитарна помош од ЕУ за најранливите популации во светот

Европската комисија усвои Оперативна стратегија за распределба на 661 милион евра во хуманитарни средства за 2013 година, која ќе ги опфати најранливите популации во светот. Тука спаѓаат конфликтните региони со недостиг од храна, како што е регионот Сахел во Западна Африка. Географски, најголем дел од помошта ќе се намени за Субсахарска Африка.

Оваа одлука за хуманитарна помош, европскиот комесар за меѓународна соработка, хуманитарна помош и одговор на кризи, г-ѓа Кристалина Георгиева, ја именува како трезен потсетник на степенот на хуманитарните потреби во целиот свет.

Како и во претходните години, дел од буџетот е наменет и за таканаречени заборавени кризни популации, кои добиваат помалку внимание од медиумите и за кои Еврокомисијата често е единствениот главен донатор.

Инаку, Одлуката за хуманитарна помош се доделува врз основа на годишна Глобална проценка на потребите.

Хуманитарната помош на ЕУ се заснова на начелата на хуманост, неутралност, непристрасност и независност, и е наменета за оние кои имаат најголема потреба од неа, без оглед на националната, верската, половата, етничката или политичката припадност.

 


 

Click