ЕУ вести



Вторник, 8 јануари 2013 година

Ирска – нов претседавач со Советот на ЕУ

Стабилноста, работните места и развојот ќе бидат во фокусот на Ирското претседателство со Советот на Европската унија, кое стартуваше на почетокот од новата година.

Како свои приоритети за време на шестмесечното претседавањето, Ирска ги одвои:

  • трајна стабилност, започнувајќи со обновување на економското управување во Европа;
  • невработеноста кај младите;
  • промовирање на дигиталната економија и мерки насочени кон малите и средни претпријатија;
  • фокус на потенцијалот на природните ресурси, како земјиштето и морето;
  • унапредување на трговските договори и водење на агендата за проширување.

Ирска го презеде ротирачкото претседателство од Кипар, а на 1 јули годинава ќе ѝ го предаде на Литванија.

Инаку, во 40-годишното членство на Ирска во ЕУ, ова е седми пат таа да претседава со Советот на ЕУ.

 

Click