ЕУ вести

Среда, 22 мај 2013 година

Извештајот за Македонија пред европратениците

Денеска попладне, Европскиот парламент, во рамките на својата пленарна седница во Стразбур, ќе дебатира по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, а утре ќе се гласа по истиот.

Во предложениот текст, изготвен од известителот за нашата земја, европратеникот Ричард Ховит, се повикува Ирското претседателство со Советот на ЕУ да спроведе интензивна дипломатија за да се постигне задоволувачки исход и одлука за почеток на преговори со Република Македонија пред крајот на следниот месец.

На 8 април годинава, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата за напредокот на Република Македонија, со 39 гласа „за“ и 13 „против“, усвојувајќи 20 компромисни и 50-тина други амандмани од вкупно 203-те предложени.

 
Click