ЕУ вести



Вторник, 9 април 2013 година

Комитетот за надворешни работи на Европарламентот ја усвои Резолуцијата за Македонија

Со 38 гласа „за“ и 13 „против“, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија, за време на вчерашната редовна седница во Европарламентот во Брисел.

Во Резолуцијата се бара итен почеток на преговорите за членство во Европската унија, откако веќе четирипати нашата земја добиваше позитивен Извештај од Европската комисија. Дијалогот на високо ниво не смее да биде замена за преговорите за членство.

Европратениците усвоија вкупно 20 компромисни и околу 50 други амандмани.

Тие изразуваат убедување дека почетокот на преговорите позитивно ќе влијае на подобрување во областа на реформите, внатрешната состојба, меѓуетничкиот дијалог и добрососедските односи.

Испратен е повик за политички дијалог, спроведување на ЕУ агендата, како и историско помирување меѓу етничките и националните групи.

Резолуцијата треба формално да биде одобрена и на пленарна седница на европскиот законодавен дом.

 

Click