ЕУ вести



Понеделник, 8 април 2013 година

Меѓународен ден на Ромите

Денешниот ден, 8 април, е Меѓународен ден на Ромите, ден кога се слави ромската култура и кога треба да се подигне свеста за прашањата со кои се соочуваат Ромите.

На овој ден, во 1971 година е одржан Првиот светски конгрес на Ромите во Лондон, кога е усвоено ромското знаме, а песната „Џелем, џелем“ е прогласена за ромска химна.

По повод Меѓународниот ден на Ромите, Европската комисија  ја истакна потребата за понатамошни напори од страна на земјите-членки со цел да се подобри ситуацијата на ромските заедници во Европа.

Неопходен е зголемен ангажман на локално, регионално, национално и европско ниво, за да се зголеми борбата против дискриминацијата и ромскиот народ да има подобар пристап до вработување, образование, домување и здравство.

Низ светот денес живеат над 12 милиони Роми, а според последниот попис од 2002 година, во Македонија има 53.879 Роми. Македонската општина Шуто Оризари е единствен пример во Европа каде што живеат мнозинство Роми.

Click