ЕУ вести



Среда, 8 мај 2013 година

Повелбата за основните права на ЕУ не е само документ, туку реалност за Европејците

Три години откако Повелбата за основните права на Европската унија стана правно обврзувачка, таа претставува појдовна точка при изготвувањето на законодавството, не само за институциите на ЕУ, туку и за европските и националните судови, со што основните права стануваат реалност за граѓаните на Унијата - се вели во третиот годишен извештај за примената на оваа Повелба.

„Повелбата за основните права на ЕУ не е само документ - таа се претвори во реалност за 500-те милиони граѓани на Унијата. Основните права се темелот врз кој е изградена Европската унија. Тие треба постојано да се штитат и зајакнуваат“, истакна заменик-претседателот на Европската комисија, г-ѓа Вивиен Рединг, европски комесар за правда, основни и граѓански права. 

Денешниот извештај нуди сеопфатен преглед на имплементацијата на фундаменталните права во 2012 година и е поделен на шест поглавја посветени на: достоинството, слободите, еднаквоста, солидарноста, граѓанските права и правдата.

Извештајот покажува дека најчесто поставувани прашања од граѓаните, поврзани со основните права, се: слободното движење и престој, функционирањето на националните правосудни системи, пристапот до правдата, слободата на избор на професија и правото на работа, интеграцијата на лицата со хендикеп и заштитата на личните податоци.

Click