ЕУ вести



Петок, 28 јуни 2013 година

ПССЕ го усвои Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија

Со огромно мнозинство гласови, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера го усвои Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, кој го изготви британскиот пратеник, г. Роберт Волтер.

Во рамките на пленарната седница во Стразбур, пратениците од 47. земји-членки на Советот на Европа дадоа поддршка за нашата земја за членство во ЕУ и НАТО. Притоа тие изразија жалење што тој процес на евроинтегрирање е оневозможен поради спорот со името.

Република Македонија постигна напредок во изминатите пет години, но треба и понатаму да работи за целосното спроведување на реформите – стои во усвоениот текст.

ПССЕ одлучи да го продолжи постмониторинг дијалогот со нашата земја, при што му се препорачува на Комитетот на министри на Советот на Европа да отвори канцеларија во Скопје.

 

Click