ЕУ вести



Четврток, 27 јуни 2013 година

ПССЕ ќе расправа за Македонија

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), во рамките на денешниот ден од пленарната седница во Стразбур, ќе расправа за Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, изготвен од британскиот пратеник, г. Роберт Волтер.

Во Извештајот, кој беше усвоен од страна на Мониторинг комисијата на ПССЕ пред околу еден месец, се опфатени реформите на евроинтегративниот пат на нашата земја, функционирањето на Собранието, Охридскиот рамковен договор, изборите, случувањата од 24 декември 2012 година, итн.

ПССЕ има јасен став дека иднината на Република Македонија е во Европската унија и НАТО и изразува жалење што спорот за името продолжува да го одложува отворањето на преговори за членство и покрај континуираните препораки од страна на Европската комисија.

Click