ЕУ вести



Вторник, 5 март 2013 година

Разликата во платите меѓу жените и мажите сè уште постои

Просечната разлика во платите меѓу жените и мажите во земјите-членки на Европската унија е 16,2 %, велат најновите податоци од Европската комисија. Ваквата статистика значи дека жените треба да работат дополнителни 59 дена во годината за да ја достигнат платата на мажите.

Оваа разлика во платите дури бележи благ пад во последните години, веројатно поради економската криза, која се проценува дека најмногу погодила некои сектори во кои доминира машкиот пол, како на пример градежништвото.

Социјалните и економските фактори, потценувањето на работата на жените, нееднаквиот баланс на работата и приватниот живот и упорноста на стереотипите – се само дел од причините за родовата разлика во заработката, кои треба да бидат решени за да се надмине оваа дискриминација.

Сепак, постојат големи разлики во платите меѓу двата пола споредбено во земјите-членки на ЕУ. Така, Словенија има најмала разлика во платите меѓу мажите и жените, само 0,9 проценти, потоа следи Полска, со 4,5 %, Италија со 5,3 % и Луксембург со 8,7 %. Најголемата разлика од  27,7 % е во Естонија, а потоа во Австрија 24 насто, Германија 22,3 и Грција 22 %.

Еврокомисијата ги поддржува работодавците во нивните напори да се справат со родовата разликите во платите, преку проектот „Еднакво плаќање“, кој има за цел да ја подигне свесноста на компаниите за родова рамноправност и еднакви плати.

 

Click