ЕУ вести



Понеделник, 8 април 2013 година

Се гласа по Резолуцијата за Македонија

Денеска попладне, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, на својата редовна седница во Европскиот парламент во Брисел, ќе гласа по Резолуцијата за Република Македонија.

Известувачот за нашата земја, г. Ричард Ховит, ќе ги претстави споените амадмани од вкупно 203-те поднесени на последната седница и ќе побара итен почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Европратениците треба да го дадат своето мислење за последниот Извештај на Европската комисија од октомври, кој беше оценет како позитивен и беше дадена препорака за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

Доколку Комитетот за надворешни работи ја усвои Резолуцијата, таа треба да биде одобрена и на пленарна седница на Европарламентот.


 

Click