ЕУ вести



Понеделник, 11 март 2013 година

Сите акти на тероризам се криминални и неоправдани

Денеска, Европската унија го прославува 9. Европски ден во сеќавање на жртвите на тероризмот. По тој повод, координаторот на ЕУ за борба против тероризмот, г. Жил де Керков, преку соопштение, истакна дека сите акти на тероризам се криминални и неоправдани, без разлика каде се случиле и кој ги извршил.

Тој потсети на бомбашките напади во Мадрид, Лондон, Норвешка, Франција, Германија, Бугарија и други места, сите како ужасен потсетник за реалноста на терористичката закана, без разлика дали се извршени од терористички организации или индивидуалци.

И покрај трагичните настани од минатото, многу жртви успеале да ја претворат нивната болка во позитивна акција, да покажат упорност и храброст да ги обноват своите животи и да ја прифатат иднината.

„Затоа, мора да се осигураме дека оние преживеани кои сакаат да ги споделат своите приказни, имаат можност да го сторат тоа, и не само денес. Мора да ги одржуваме нашите напори да се слушне гласот на жртвите на тероризмот“, додава г. Жил де Керков.

Решителноста да се порази тероризмот не смее да ослабне никогаш, треба да се засили поддршката на жртвите и да се промовира политиката на меѓународната солидарност – стои во соопштението. 

 

Click