ЕУ вести



Вторник, 21 мај 2013 година

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, денеска во Брисел, ќе одржат состанок на Советот за општи работи на Унијата (ГАК), каде на дневен ред е и прашањето дали да испратат покана до Европскиот совет на Самитот на 27 и 28 јуни.

Воедно, министрите треба да донесат одлука за отворање на пристапните преговори за членство со Македонија и Србија.

Состанокот ќе го води вицепремиерот и министер за надворешни работи и трговија на Ирска, г. Емон Гилмор. Според претходно објавената агенда од страна на Ирското претседателство со ЕУ, во делот за подготовката на Самитот на ЕС, се наведува дека „Советот може да биде поканет да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со земјите-кандидати“.

Главни точки на денешниот состанок на ГАК се Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ), односно идниот седумгодишен буџет на ЕУ, и утрешниот Самит на Европскиот совет посветен на даночното функционирање и енергетиката во Унијата.

Минатиот месец Европската комисија во Специјалниот извештај за Република Македонија го потврди напредокот во трите задачи што Европскиот совет и ги постави на декемврискиот Самит - добрососедството, напредок во разговорите за спорот за името и исполнувањето на реформите од Пристапниот дијалог на високо ниво. Исто така, побара од Советот да додели датум за почеток на пристапните преговори.

Click