ЕУ вести



Петок, 12 април 2013 година

Зголемено високото образование во ЕУ

Бројот на граѓани кои имаат завршено високо образование во сите земји-членки на ЕУ во 2012 година се зголемил и изнесува 36%, велат податоците на Европската комисија, според Европската статистичка канцеларија Еуростат

Истражувањата се направени на луѓе помеѓу 30 и 34-годишна возраст и овие 36% се за 2% повеќе во споредба со 2010 година, односно 8% плус во однос на 2005 година.

Највисок процент на високообразовани луѓе е забележан во Ирска (51,1%), Кипар (49,9%), Луксембург (49,6%) и Литванија (48,7%), а најмал во Италија (21,7%), Романија (21,8%) и Малта (22,4%).

Во однос на половите, повисок е процентот на жени со високо образование – 40%, наспроти 31,6% претставници на машкиот пол.

Стратегијата ЕУ 2020 има за цел бројот на луѓето со високо образование во Унијата да се зголеми за минимум 40 насто. 

Од друга страна, статистиката вели дека 13% од населението на возраст од 18 до 24 години во ЕУ има завршено само средно училиште и во моментов не е во процес на образование или обука. Тоа е намалување за 1% во однос на 2010 година и 3% во однос на 2005 година, но целта е да се дојде под 10%.
 

 

Click