Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција во Нико...



Вторник, 23 април 2013 година, Никозија, Република Кипар

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на земјите-членки на ЕУ и кандидатите за членство на тема „Социјална кохезија во услови на органиченост: што можат да сторат националните парламенти"

Од почетокот на 20. век, човештвото се соочува со невидени демографски промени. Ова се должи во голема мера на намалувањето на стапката на наталитет, животниот век и миграциските текови. Во Европа, овој феномен доби свое име „општества кои стареат“. Статистиките покажуваат загрижувачки бројки. Ситуацијата со населението нема значително да се промени во 2060 година, но ќе преовладува двојно постаро население од 65 години

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција во Р. К...



Понеделник, 22 април 2013 година, Никозија, Република Кипар

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ, на тема „Приближување на граѓаните кон ЕУ“

Транспарентноста и отвореноста на парламентите се значајни инструменти во практикувањето на демократијата. Парламентите самите треба да се погрижат да ги искористат можностите кои им стојат на располагање за да бидат отворени кон јавноста и граѓаните. Конкретно, можам да истакнам дека активностите во Собранието на Република Македонија се целосно транспарентни, при што секоја пленарна сесија, секоја комисиска седница, јавни и надзорни расправи, како и сите други парламентарни активности се пренесуваат на Парламентарниот телевизиски канал.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународна конферен...



Понеделник, 15 април 2013 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конференција „Европска интеграција низ соработката на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторни тела во ЈИЕ - размена на искуства и позитивни практики"

Парламентите се централната демократска институција во современото општество. Но, за да можат вистински и целосно да ја играат улогата на клучна институција во политичкиот систем, парламентите треба да бидат почитувани од сите учесници во политиката. Во транзиционите општества на парламентите им е потребна поголема поддршка од јавноста и медиумите и поголем респект од страна на политичките партии за да можат постепено да ја достигнат својата клучна улога во демократскиот живот. Кога, пак, државата е во процес на пошироко интегрирање, поддршката на парламентите треба да е недвосмислена и од надвор, од меѓународните субјекти

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Регионална конференц...



Петок, 12 април 2013 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Регионалната конференција на ИПС стипендисти 2013

Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС) е традиционална активност на Германскиот бундестаг односно проект на германскиот парламент кој дава можност на млади политички ангажирани луѓе од земјите од Југоисточна Европа да се запознаат со парламенарниот систем на Сојузна Република Германија. Со ваквата соработка се поттикнува стекнувањето на знаења за парламентарната демократија во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа и практично се запознава политичкиот, академскиот, економскиот и културниот живот на Сојузна Република Германија

Прочитај повеќе

Обраќање Вељаноски на 50. Мавровски меморијал...



Петок, 1 март 2013 година, Маврово

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање

Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот јубилеен 50 годишен Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од  далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал - натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година, кои се вистинскиот стожер кој ја краси нашата денешница. Да се потсетиме на младите градители кои на акцијата "Маврово - 48"  порачале ...машини доволно немаме, но имаме нешто друго, имаме срце и силна желба да ја изградиме нашата татковина, а тоа е посилно од секоја машина...

Прочитај повеќе

Изјава на г. Вељаноски по средбата со г. Бан Ки-мун...



Понеделник, 4 февруари 2013 година, Њујорк

Изјава на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки-мун

Во делот на парламентарната соработка на глобално ниво, беше искажано задоволство од досегашното ниво на соработка со Обединетите нации, односно со Интерпарламентарната унија. Исто така, споделивме мислење за развојот на капацитетите на Собранието на Република Македонија како парламент кој постојано треба да инвестира во сопствениот капацитет за да ги преброди предизвиците

Прочитај повеќе

Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишувањето на...



Петок, 11 јануари 2013 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишувањето на локални избори

Дозволете да Ве известам дека согласно законската обврска која ја имам како претседател на Собранието на Република Македонија и согласно роковите утврдени во Изборниот законик, денес го потпишав Решението за распишување на избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје

Прочитај повеќе
12   
Click