ЕУ вести

Понеделник, 22 јуни 2015 година

Македонија тема на Советот за надворешни работи на ЕУ

Актуелната политичка состојба во Република Македонија е во фокусот на разговорите на денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија во Луксембург.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за случувањата во нашата земја со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, г-ѓа Федерика Могерини, а потоа и со генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки-Мун. 

Денешните заклучоци што ќе ги донесе Советот на ЕУ, во четврток и петок треба да бидат потврдени од шефовите на држави и влади на ЕУ на Самитот на Европскиот совет во Брисел.

Click