ЕУ вести

Среда, 12 ноември 2014 година

Пленарна седница на Европарламентот

Оваа седмица, Европскиот парламент одржува пленарна седница во Брисел, на која, меѓу другото, ќе се одбележи и 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, со говор на првиот европарламентарец, г. Мартин Шулц. 

Европратениците дебатираат за финансиските интереси на ЕУ, за генетски модифицираните организми и за користењето на личните податоци на патниците во борбата против сериозниот криминал и тероризмот. 

На дневен ред ќе бидат и мировниот процес во Северна Ирска, актуелните случувања меѓу Турција и Кипар, хуманитарната ситуација во Јужен Судан, како и Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Молдавија. 

Click