ЕУ вести

Среда, 14 октомври 2015 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент во Брисел денеска одржува пленарна седница, во пресрет на ЕУ Самитот на шефови на држави и влади, кој ќе се реализира во наредните два дена.

На седницата ќе стане збор за справувањето на Европската унија со најсериозната бегалска криза после Втората светска војна и одобрените средства за финансирање на земјите на ЕУ кои се најтешко погодени од приливот на бегалци, како и на земјите кои не се членки на Унијата.  

На тема бегалската криза, ќе се дебатира и за соработката со Турција за актуелните случувања во Сирија.

На агендата ќе се најде и референдумот во Велика Британија за тоа дали да остане или да ја напушти Европската унија, како и најновите случувања и претстојните локални избори во Украина.

Европскиот законодавен дом, исто така, ќе расправа и за Резолуцијата за климатските промени, изготвена од Комитетот за животна средина со три обврзувачки цели, а ќе се одржи и дебата во врска со порастот на антисемитизмот, исламофобијата и говорот на омраза на Стариот континент.

Click