ЕУ вести

Вторник, 28 јануари 2014 година

Самит ЕУ-Русија

Денеска во Брисел ќе се одржи 32. самит на Европската унија и Русија, што ќе биде можност за размена на мислења меѓу лидерите во врска со стратешкото партнерство ЕУ-Русија.

ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј, а учество ќе земе и г-ѓа Кетрин Ештон, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и воедно потпретседател на Европската комисија.

Руската страна, пак, ќе ја застапува претседателот на државата, г. Владимир Путин, придружуван од министерот за надворешни работи, г. Сергеј Лавров.

Најавен е прогресивен дијалог за иднината на економските и политичките односи на Стариот континент. Ќе се отвори дискусија за заедничките интереси, регионалните иницијативи за економска интеграција, добрососедството, трговските прашања, меѓународните обврски, владеењето на правото, човековите права и основните слободи, како и клучните надворешни работи предизвици, како што се Сирија и Иран.

Click